нејзин (прид.) - неуспех (имн.)

Тоа нужно подразбира доброволно, општествено вклучувачко учество во недостоинствените задоволства на мелодраматичната изведба – задоволства што произлегуваат и од силните емоционални полнежи и од нејзината самопоништувачка театралност, од нејзината сериозност, како и од нејзиниот неуспех.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако се осврнеме на резултатите од нашено претходно испитување на прагматиката на кампот, ќе сфатиме дека целосното доживување на мелодрамата како камп не укажува само на обезвреднување на мелодрамата туку и на препознавање на сопствената сентиментална вклученост во мелодрама.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мелодрамата е камп само кога поимот „мелодрама“ не се користи исклучиво како критикување, само кога неговиот погрден полнеж се расејува и се споделува – со други зборови, кога ветвата етикета „мелодраматичен“, истовремено и абјектен и гламурозен, се прифаќа и се користи за себеси.309 ‌Инаку, кога поимот „мелодрама“ се користи конвенционално како атрибут со кој се принесува жртвено јагне, тој дејствува како омаловажување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа, третманот на мелодрамата како камп подразбира да се пресврти, иако е тешко да се избрише, надмоќниот, надмен став кон неа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)