нејзин (прид.) - немоќ (имн.)

Проблемите на нејзиното карактеристично негување на чувството на вина, нејзината неинтегрираност, природата на нејзиниот систем на лажно јас и нејзината немоќ да го издиференцира своето битие од битијата на другите, беа тесно поврзани.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Го чувствував мајчиниот трагизам, оставена да не ја доврши мисијата за која ја беше испратил во животот Севишниот, нејзината немоќ, низ татковите книги да го предвидува спасот на семејството.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Премногу сум го изложил на ризик своето семејство, децата, суштината на нејзината мисија во животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мајка ми го чувствуваше тоа, и сега нејзиниот поглед понекогаш ја губеше сигурноста, оној отров кој беше влегол во нишката помеѓу неа и мене веќе не го делевме подеднакво, туку одеше само кон неа, и беше пресилен само за неа, ја задушуваше во нејзината немоќ, ја задушуваше оној зрак среќа кој сѐ почесто ми го огреваше лицето, онаа нијанса на радост што ми го боеше гласот, секогаш кога заедно со брат ми ќе се вратевме дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И се сетив на ноќите на очај од мојата младост, од она време кога мајка со крвничко уживање тураше сол на отворената рана на мојата душа, се сетив дека во тие ноќи копнеев по оваа ноќ, по нејзината последна ноќ – тогаш, десетина иљади ноќи пред оваа ноќ, посакував одмазда, и единствената одмазда можеше да биде во мигот на нејзината најголема немоќ, во нејзината немоќ пред смртта, да ја потсетам на мојата немоќ, на нејзиното ѕверство во моето страдање.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И сега гледав во оваа Амалија која немаше ништо заедничко со онаа Амалија, немоќта на оваа жена која умираше ме потсетуваше на мојата некогашна немоќ, а јас не сакав, или не можев, во себе да го разбудам ѕверството кое во себе некогаш го имаше таа и со кое ме тераше да тонам сѐ подлабоко и подлабоко, ѕверството со кое – ако го разбудев во себе - навистина ќе бев нејзина ќерка не само по крв, ѕверството кое требаше да ја натера да страда заради сопственото ѕверство, моето ѕверство кое требаше да ужива во нејзиното очајно каење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога правевме паузи меѓу читањата и одевме во дворот на библиотеката, брат ми ми кажуваше работи кои тешко можев да ги разберам, но сепак внимателно го слушав, бидејќи знаев колку му е важно некој да го сослуша, затоа што неговите пријатели беа посветени само на медицината, а тој сакаше нешто повеќе, тој сакаше да ги разоткрие тајните на човечкото суштество кои беа отаде анатомијата; Зигмунд беше уверен дека тоа растајнување би можело да се направи со вкрстување на разумот и чувствата, тој велеше дека и размислувањето, и чувствувањето се есенцијален дел од нас, и само при „соработката“ на тие два дела човекот може да се осознае самиот себеси.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во таа смисла денешниот распад на хрватската интелектуалност е токму конституциско пореметување, конституциска малолетност - станува збор за нејзината немоќ да се зачнува во слобода и да се репродуцира од слобода.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ми се гади од математика и нејзината немоќ да ја пресмета веројатноста да се родев на друго место во друго време, да не бев јас јас, да не ми се гадеше.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)