нејзин (прид.) - нежен (имн.)

- Оди легни си – ми шепна мајка ми – а јас веднаш ќе дојдам да те заспијам. Ѝ бев благодарна за нејзината нежност, а најмногу од сè што ми рече дека ќе дојде “да ме заспие”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
После току многу говор на кожата, разговори на перница, приказни и заеднички живот; после толку Sturm und Drang и забави и игри, нејзината нежност прави добар дел од неговата машкост, и обратно.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ова заспивање не е вистинско, како што мајките ги заспиваат малите бебиња, туку е наш заеднички ритуал секоја вечер, кој изгледа вака: јас ќе легнам, мајка ми малку подоцна ќе влезе во собата, ќе седне на мојот кревет, а понекогаш, кога има повеќе време или кога е порасположена, и ќе прилегне, па ќе си разговараме нешто и таа ќе ме гали по грпчето, по косата и по рацете, а многу често и ќе ми раскажува приказна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)