нејзин (прид.) - монолог (имн.)

Поточно, таа и нејзиниот монолог, зашто Тој беше нејзиното ехо.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Перса не се меша во нејзиниот монолог, одвреме навреме ја охрабрува со очите докрај да се отвори, докрај да се ослободи од товарот на минатото.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Додека го слушав нејзиниот монолог, што веројатно доаѓаше од говорницата во Пошта 2, зборовите како да ми укажуваа на несреденост и на збунетост.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Така, другите патници, меѓу нив и девојките од Институтот, жената Монолог и мажот Ехо и бебето (а каде се другите), сега насмеано и тивко во прегратката на мајка му, продолжија кон повисоките нивоа на аеродромската зграда, а јас бев принуден да ѝ се придружам на интернационалната нешенгеноидна група во чекалницата веднаш до влезот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)