нејзин (прид.) - минато (имн.)

Се помири со некој месец и друг со Ката, но само да го задоволи својот нагон и да ја протепа за нејзиното минато и пак да ја остави за извесно време.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Детски страв и промрморе во срцето дека Даниел може да ја отфрли, дека ќе престане да ја сака, како болката да беше нешто срамно од нејзиното минато, кое таа го донела во оваа чиста љубов за неа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не се знае впрочем дали тоа име ѝ е вистинското, а во историјата, во поширока смисла, нејзиниот живот и нејзиното минато се штура безначајност.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Речиси секој сонува. Оној кој е спречен да сонува, тој мечтае.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали навистина мислеше така или искористи само уште еден од изговорите што умешно ги поставуваше како најприродни пречки помеѓу моето љубопитство и нејзините недопирливи тајни?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но кога ја прашав од кои причини ги криеме начините на кои општиме со своите спомени таа отворено ми наговести дека искреноста е еден вид разголување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Многу сеќавања исчезнуваат како водите во реката. Особено кога си осамен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А бев сигурен дека барем во сонот дружи со некого од нејзиното минато?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Затоа и ги сфаќам дилемите на Таша кога беа во прашање приказните за нејзиното минато.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Полека си го враќа погледот од минатото и внимателно го спушта врз мајката Перса, а таа, чиниш, ја насетува тежината на нејзиното минато и затреперува.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тука баба ми ги завршуваше нејзините доживувања и случки, а потоа ни ветуваше дека и други ќе ни раскажува за некои настани од нејзиното минато, но тоа не го стори.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)