нејзин (прид.) - мев (имн.)

Сознанието дека сите овие буричкања во нејзиниот мев се дел од настанот во полето, а не од некаква расипана храна, ја парализира волјата во неа, ѝ ја уништи и последната надеж дека било кога ќе стане едно тело со Димостена.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И кога ќе почнеш да ги разгледуваш можностите, ќе почнеш да си викаш, не можам да го направам тоа, ова нема да ми успее - ништо нема да успее!“ Т.е. ништо освен компјутерите и телефоните. И иако се на маргините на технологијата - или, подобро речено, висат врз нејзиниот мев како отровни полипи - пионерскиот дух провејува и низ другите области од нивниот живот. Тие ги идеализираат привилегијата на населениците од 19 век да ја ограничат својата земја и предизвиците со кои се среќавале при нејзиното претворање во плодоносен дом кој ќе им овозможи да преживеат и да напредуваат. Сајберспејс-от (Cyberspace) е простор што постојано се шири.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Јас стоев, понекогаш сам, понекогаш заедно со инженерот, горе над машината, на горниот дел од падината, и гледав како под мене полека еден канал ја цепи вдолж планината како на две токму во нејзиниот мев.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Додека Костадинка, Коца, растеше во нејзиниот мев, брчкајќи се во нејзината лошотија, која се дуеше како Тодора со оки да голта воздух, ибн Бајко се прчеше: ете, ѝ го најде лекот. Но, пак се прелажа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)