нејзин (прид.) - крв (имн.)

Овде само ќе спомнам дека тоа галење на подлактиците на Пеперутката како и смеењето на нејзината крв се случуваше пред неколку денови.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се чини како оваа древна старица да дошла ваму, со последни сили пред заповедта на смртта, да им предаде некаква порака, некаков завет ли или спасоносен совет. познат само нејзе, на овие луѓе од нејзина крв.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Какво ли тоа завештание запишал животот во нејзината крв па сега птицата се сеќава на песната на нејзините деца и колве заумни трошки од светата трпеза на стеблото кое веќе го нема...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И тогаш тој лизна од нејзината крв, што ѝ се покажа на раката, таа лизна од неговата. И со телото и со душата станаа едно.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но, тие беа жедни за нејзината крв.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Да... - рече Дејко, - само ако нејзината крв дојде во допир со крвта на човекот... преку некоја рана, преку боцнување со јадицата на која има крв од јагулата, или ако нејзината крв влезе во човекот преку шуплив, расипан заб...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
боејќи, еритроцити или со нејзината крв до сопственото ослободување ...можеш да си одиш и велам на онаа другата со парченцето памук на показалецот ние остануваме на балот до полноќ можеби со иронична насмевка веќе безгласносе оделува од блескавиот предмет наречен микроскоп во сосема спротивна насока... ...далечините се тука и водите и копното пловечки распрснати сонца пробудени острови гладни што се впиваат едни во други...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
И долго кружеше птицата, наслушуваше нешто, се занишуваше во воздухот како што некогаш се нишаа и гранките сосе гнездото а потоа ќе откликнеше и ќе полеташе во насока во која некогаш полетуваа и нејзините пилци.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)