нејзин (прид.) - колено (имн.)

Тоа ме порази бидејќи пораката на Ема, јас бев убеден во тоа, беше јасна: моите скришни погледи кон нејзините колена додека ја претуравме муницијата, биле доловени од некој агол кој барем за миг ја скривал искрата за која обично стануваме свесни откако ќе пламне во оган што нè обзема и во кој влегуваме без да размислуваме за крајната цел и за смислата на таквиот чекор.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тој ја слуша, ама не реагира, не одговара, во неговото видно поле се цицките на Родна Караколева потпрени на нејзините колена исто така малку разголени и подотворени со блесокот на листовите од бутовите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Послушно тргнува накај својата рогозина, каде што, ја води Пандо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ако мајка му е во Прењес, кој ќе го најде писмото, нека ѝ каже. Јас, Паскал на Аргировци сум ранет...“
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И во мрачните, и во ѕвездените ноќи, и во растрепереното пламенче на свеќата и на фенерот обесен на гредата, не гледа и не очекува смирување.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И се чини дека тој лежи пред неа, тука, до нејзините колена.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Зрновски, со успорено движење на раката, како да сакаше однапред да истакне која му е намерата, ѝ го покри со својата дланка показалецот и го симна на нејзиното колено.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На пример, ми падна в очи дека Катерина не седеше во скутот на Мирко Бунде; беше расположена на софата; но навистина го беше навлекла на колковите спомнатото крпче од здолниште кое во најдобар случај можеше да прекрие само четириесетина сантиметри од оној предел помеѓу нејзините колена и делот на слабините од каде скапоценоста, нејзиното папоче, што не смееше толку лесно и неодговорно да се раздава на туѓите погледи, срамежливо наѕирнуваше како роза или како око.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но во спомнатиов случај открила дека една втасала дури до нејзиното колено.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Јана беше прилегната на другиот крај од софата и немаше да ја забележам ако не ми паднеше в очи нејзиното арогантно однесување; госпоѓата воопшто не ме забележуваше ниту пак беше изненадена од моето присуство.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Се исплашив дека може да ми напакости“ се трудеше да ја разјасни паниката кога сфати дека сторила глупост.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Стиснат така одзади, како токмак во обрачи, Грдан зјапаше во прозорецот што гледаше во кубето небо од осветлениот град и се обидуваше да си ги замисли низ ношницата нејзините гради, нејзините бутови и нејзините колена.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)