нејзин (прид.) - карактер (имн.)

Дали мајка ви многу влијаеше врз вас? Го имам нејзиниот карактер. Повеќе од било што друго.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
А ако одговореше потврдно веднаш ќе додадев дека ваквиот нејзин карактер го обожавам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој им кажа сѐ што знаеше за неа, за нејзините навики, нејзиниот карактер, нејзиниот минат живот; тој призна до најбезначајни детали сѐ што се случуваше за време на нивните состаноци, сѐ што ѝ рече тој нејзе и таа нему, за нивните оброци од црниот пазар, за нивното прељубништво, за нивните нејасни заговори против Партијата - сѐ.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Според вујна Клементина, малата Ервехе беше во години кога сè се лепи брзо за нејзината душа, кога се формира нејзиниот карактер.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Навистина сѐ уште бев далеку од помислата дека користењето на тажната насмевка за да ѝ се руга на туѓата несреќа не е природната жална маска на нејзиниот карактер.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Можела да влијае во формирањето на нејзиниот карактер, а имало случаи кога се одразувала и на нејзиниот изглед , не пропушти да нагласи Борко.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се воодушевувам и од Мадона, но повеќе ме возбудува како личност. Нејзиниот карактер. Носител на модните идеи. Свежа и предобра за да остане незабележана.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)