нејзин (прид.) - каже (имн.)

Ме збуни острината на нејзиното кажување и тежината на кажаното, но во тој миг најдов повод темата на разговорот да ја свртам на друга страна.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Си припомнив за баба ми, дамна упокоена, за нејзините кажувања: - Тоа, Ѕвездо моја, Дедо Боже си ги тресе перниците - сѐ од бели пердувчиња од бели гулабици... и одеднаш сетив некаква милина, па сум се втурнала во домаќинот мој, небаре во него сакам да се засолнам...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Азра им се приклучи на Андон и Лилица кои тогаш стоеја пред креветот отпростум и не обрнаа внимание на нејзиното кажување.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тонот на нејзиното кажување беше ослободен од било каква нијанса на емоција.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Со кикотот замолкна за кратко, а потоа направи изненадувачки пресврт во гласот и над мене го слушав нејзиното кажување со зборови раскршени како срча: „Еве, цицај и мисли дека ја задоволуваш мојата потреба за мајчинство само за да се ослободиш од вината која, знам дека ти тежи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)