нејзин (прид.) - историја (имн.)

Стои тој во сенката на големото име на својот народ, знае: полека мелат божјите воденици, побавно штрака штичката над левакот, полека се истура плодот врз каменот, и знае тој дека при ова се вели: дајте да запееме за поголеми нешта, да ѝ запееме на семенката, на 'ртулецот да им запееме, на она кое нè продолжува да му запееме зашто тоа ги содржи сите облици низ кои ние, нивното потомство минуваме.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Семенката не памети суден ден со кој се заклучува нејзината историја.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Разговарав со Жана. Ми ја раскажа нејзината историја, како дошла до Монмартр, и ми изнесе повеќе светли точки од нејзиното сликарење.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Монпарнас“ е поим за Франција, за нејзината историја, за уметноста и науката.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сепак, според гледи­штето на Холанд, философијата низ целата нејзина историја била во прв ред машка.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
- Со секој збор што го изустуваше Вера ми стануваше јасно дека е тоа нејзината историја и на моменти сакав да ја запрам да не раскажува.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Скоро целиот персонал ја знаеше нејзината историја и многу ја жалеа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Стар козар, колекционер на сѐ што се однесува на животното коза , нејзината историја и симболика, ја купив книгата, единствено поради насловот, но таа стана причина за големо задоволство...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ти немам раскажувано за нејзината историја, нели? Е, добро.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ја следам нејзината историја низ старите семејни снимки и новите видео записи: како успеал да ја стекне, како била национализирана и веројатно претворена во одмаралиште за фабричките работници.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)