нејзин (прид.) - израз (имн.)

Хелвиг очекуваше дека тоа ќе ја орасположи Марша. Но по нејзиниот израз на лицето виде дека не е така...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Таа се насмевна на мојата забелешка и побрза да ми објасни дека овој збор го употребила само како замена за оние, другине, кои звучат можеби повистински но затоа пак и се чинат погрди.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Истово и го бев забележал и на мајка ми кога за првпат го употреби овој збор во нејзиниот израз дека и наближил часот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
По нејзиниот израз, Марија веќе оцени колку ѝ се допадна.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тамам ќе го довикнев во сеќавањата, мислите ќе ми отидеа кај Ивана, кон нашата разделба на аеродромот, кон нејзиното последно завртување накај мене пред да влезе во авионот и нејзиниот израз на лицето што ме бара низ луѓето кои стоеја пред аеродромската зграда и ги испраќаа со поглед своите блиски.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ме бара, а не може да ме здогледа, подзастанува малку и пак тргнува по скалите до влезот на авионот, оти другите патници ја туркаат напред и, готово е, веќе ја нема.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Чекаа од нејзиниот израз на лицето да разберат какви вести ѝ донесе писмото.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Професорката како да ја прочита, во нејзиниот израз, сета драма па продолжи: – Вие, овде, почитувани родители, го оправдувате неуспехот на вашите деца со тешките услови, со немањето простории, со вашата презафатеност.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)