нејзин (прид.) - извориште (имн.)

Омразата не може докрај да се разбере, ниту пак можат да се знаат нејзините изворишта, како што и среќата, како што еднаш рече Сара, не може да се дефинира, таа се чувствува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И можеби како и гревот и среќата, така и омразата постои само во очите на оној кој ја забележува, и на оној кој врз себе ја чувствува – инаку тоа се само постапки, обични постапки и ништо друго, обични постапки, а сепак фрлаат отров во животот на оние кои ја трпат омразата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)