нејзин (прид.) - значење (имн.)

Затоа што ознаката знак секогаш била разбирана И одредувана, според нејзиното значење, како знак-на, некој означител што реферира на некое означено, означител различен од неговото означено.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Што добиваме ние тогаш?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но ... сѐ додека некој на овој начин сака да покаже дека не постои никакво трансцендентално или привилегирано означено и дека полето или играта на означување понатаму немаат никаква граница, тој мора да го отфрли дури И самиот концепт И збор знак - а тоа е токму она што не може да се направи.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Обајцата беа свесни дека секоја голема библиотека во светот настојува да се спаси со спротивставувањето на губењето на меморијата, на нејзиното враќање таму каде што е целосно исчезната или се навестува нејзиното исчезнување, да се спаси конечно од губењето на нејзиното значење за човекот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Зашто таа женствена положба истовремено одразува и изразува една особена сместеност во рамките на цело едно поле дискурси и општествени практики.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Родовата ориентација е ориентација кон културни практики, културни облици и кон нивните значења; таа не е едноставно ополовен и оброден субјективитет издвоен од некој културен контекст.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа, не треба да ја толкуваме женствената позиција на машкиот геј-субјект во тесно сексуална и обродена смисла, небаре е само психосексуална состојба, неминовна последица од некое механичко распознавање на некоја крута сексуална геометрија, на менлив едиповски склоп на предопределени зададени анатомски и психолошки вредности.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Женствената позиција што ја заземаат машките геј-субјекти не се дефинира исклучиво со насоченоста на еротската желба и со сходната родова улога ниту пак со нив се исцрпува нејзиното значење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Без многу претерување може да се рече дека повеќемина Французи веруваат дека знаат доста за Македонија поради единствениот факт што една од нивните салати го носи нејзиното име, и оваа, македонска салата, великодушно ја пренесуваат преку нивните граници за да се прошири нејзиното значење дури до Јадранското и Црното Море.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Нормално е медиумите да ја пренесуваат ексрлозивната ситуација во регионот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Со таквото забележување секое девојче “чувствува дека е тешко оштетено,” и затоа “станува жртва на зависта заради пенисот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа веднаш ја забележува разликата и, мора да се признае, нејзиното значење.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)