нејзин (прид.) - зграда (имн.)

Денешната нејзина зграда е подигната во 1843 година.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ја крена раката и на таксистот му тутна во раката дупло повеќе отколку што беше цената до нејзината зграда.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На портата од нејзината зграда ѝ реков дека не е сè загубено, дека од нас зависи обидот за легитимна средба; сега таа ги знае правилата на играта, можеби ќе ни тргне од рака со оглед дека ништо друго нема да правиме освен да се бараме.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не сакавме да размислуваме за не-веројатноста, за тоа дека можеби и ќе се најдеме во некој воз но дека тоа нема да биде доволно бидејќи овојпат нема да смее да се прекрши она што однапред ќе биде одредено; ја замолив да не мисли, само метрото нека си оди, и никако да не плаче во текот на тие две недели додека јас ќе ја барам; без збор е договорено дека доколку рокот истекне а ние не успееме да се видиме или дури и ако се видиме но само додека не нè раздвојат два различни ходници, веќе нема да има смисла враќањето во кафулето, портата на нејзината зграда.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Можеби ова е она што ми треба“, си помисли таа, „едно малечко, весело дете, да му го врзам шалот и да го испратам да си игра на снегот“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
На ширинката пред нејзината зграда некои деца веќе имаа направено патеки во снегот и весело ги влечеа санките по нив.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога утрото не се појави точно во петнаесет до девет, како што вообичаено бевме договорени да се состануваме на кривината пред нејзината зграда, веднаш ми стана нешто сомнително.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Пред влезот на нејзината зграда сепак решив да ѝ предложам: - Сакаш да ми бидеш девојка?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кога го крена погледот од земја веќе беа стигнале пред нејзината зграда.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Не, не смрдиш, - ѝ рече и се врати кај шпоретот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)