нејзин (прид.) - жртва (имн.)

Размислував за причините, за крајот на земјата која ја претставував, во која ретко кој не веруваше, макар и нејзините жртви?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Моето големо јас Јас = триумф на семејната историја и нејзина жртва природа мртва и тело(с) на генетската стратегија што кон почесно место се стреми меѓу портретите на семејните проблеми.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тие лесно стануваат нејзини жртви. Историјата никогаш не проштева.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Според мене, од ден во ден тој стануваше нејзина жртва.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тој свет беше далеку, не само како нестварен, туку далеку од моќта на Ема да го доживее како таков и да се вживее во него, и затоа таа, свесна барем за својата немоќ да направи било што друго, се обидуваше да го грабне она што ѝ беше на дофат. Јас бев нејзината жртва.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не може да најде оправдување за нејзината жртва.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ретко кој се обидуваше, затскриен во некоја дефетистичка барикада, во исчекување да мине злокобниот, судбински бран на историјата, да си ја покаже главата во новото време.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)