нејзин (прид.) - желба (имн.)

Сонцето ме потсети на Агна, на нејзината желба, секогаш во летата кога сме биле во Маказар, да ги гледа ваквите изгреви.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таа нејзина желба за венчаница, да бидам искрена, никогаш не ја разбрав, затоа што јас никогаш не сакав ниту свадби ниту раскошен невестински фустан.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Затоа што нејзината желба да напише книга беше голема.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Дека има многу подлабоки содржини, ама желбата на Ласа за бурма никогаш не згасна.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Никогаш не ја разбравме сериозно таа нејзина желба за смрта.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Само еден убав збор во денот.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тој силно ја поддржа нејзината желба да студира музика.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се обидов да ја потсетам дека само се обидувам да ги исполнам нејзините желби, а таа се насмеа: „Ајде, не брани се! Подобро е понекогаш и да отстапиш.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа беше и нејзина желба.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со право може да се нарече стажарско место на нејзината желба.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Например неможам да го заборавам оној разговор кога наеднаш ми соопшти дека во она изгубено минато најблизу до нејзините желби и соништа било небото над Сина Скала, и дека тоа било една од причините да го напушти полето и да се упати наваму.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Вака батка, поттурнатите нејзини желба и изневерените очекувања биле вистинските судии кои се потрудиле не само да ја протуркаат својата правда туку да ја изречат и казната за поука на поколенијата.“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А којзнае, можеби токму таа ги поттикнуваше ваквите мои размисли?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тогаш тој рече дека не смеам да постапувам неодговорно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Колку што се сеќавам не му реков на Боге дека не успеа да ме насмее. Можеби згрешив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Никогаш не и го подреков ова мое откритие (а можеби и заблуда), но верував, а напати бев и сигурен, дека јас сум прозорецот што го овозможува патувањето на нејзините желби, намери, сомненија, надежи, кон светот што се шири под нас, кон полето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А покрај се ова што го рековме не заборавај дека ти си се родил во едно необично време…
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Еден вид набљудувачница свртена кон животот што веќе протекол.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се разбира, додадов дека тоа е и нејзина желба, се разбира во колку јас, или ние (додадов) не одлучиме поинаку.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мислам дека и таа не го бараше тоа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таа сметала дека е ослободена и од потребата некому да му се заблагодарува за она што се случило поттикнато од нејзината желба. Нејзина одлука, нејзино право!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но во упатствата што ми беа придодадени а се однесуваа на начинот на кој ќе треба да постапувам, мајка ми како да ги одобруваше поинаквите решенија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но не заборави да истакне дека тоа чувство на задоволство сепак се потврдило овде.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Инаку, што се однесува до нејзините желби и моите обврски при нивното изведување, веднаш ќе речам дека и покрај сета почит кон неа не се чувствував задолжен доследно да ги исполнувам нејзините пораки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Ќе ѝ ги исполниме и двете нејзини желби, ќе ја пуштиме на матурската забава и на екскурзијата низ Југославија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Светлана уште еднаш се сети на својата младост, кога без нејзина желба и согласност и го тутнаа Никодина и за навек ѝ ја запечатија судбината.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И Мирче поетот не само што ги исполнуваше сите нејзини желби туку стигнуваше и по двапати дневно да нѐ посети, па дури и да отседи доволно долго за да ни прочита и некоја песна од современата југословенска поезија.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ја слушна нејзината желба, па се откина од неа.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Уште на почетокот, кога во однесувањето на госпоѓа Мариела, при честите службени контакти, го проѕре кај неа чувството на наклонетост кон себе, Богдан не можеше да си објасни дали тоа беше резултат на своето, со оглед на годините (тој од госпоѓа Мариела беше помлад дванаесет години) нагласено љубопитство (ако тоа се читаше од погледите со кои тој шеташе по нејзиното високо, видно потполнето, со нагласени облини, но складно тело) или на решеноста на оваа жена со својот порив да направи баланс меѓу срцето и разумот и отсуството на сопруг за нормален живот да го надополни со разуздан одговор на страста која ја поседуваше и заради која еден млад човек беше подготвен да им се подреди на сите нејзини желби.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Заведена од лудилото на ќерка си, се соблече за да ја засити нејзината желба и ѝ го покажа она што не смееше.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сиот нејзин живот беше таков, секоја нејзина желба се протегаше до исполнувањето лижена од ладниот пламен на свилата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа беше свесна дека тоа што го кажа мајка ѝ е само нејзина желба, така да се одвиваат работите во врска со Хелвиг.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
На крајот, морале да ја почитуваат нејзината желба...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нејзината желба, или нападот на желбата наеднаш се престори умилкување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зарем заборави дека сите твои желби се и мои!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Беше очигледно дека Зрновски е најдоследниот подржувач на нејзините желби и ги одобруваше сите нејзините постапки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Седам сам и водам препирка со себеси, или само размислувам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За неа летот беше само движење или пат за да се втаса таму каде што има одлучено; летот веројатно ѝ бил само упатство како да помине во другоно време каде што сакаше да ја одведе нејзината желба!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А одамна веќе знаев дека стрвоста што наеднаш ќе ја обземеше не водеше сметка каде и на кој начин ќе ја изрази својата жед. Ја потсетив каде се наоѓаме.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Елен Лејбовиц, претпоставував дека можела да биде професор по француска книжевност според суптилните и задлабочени анализи на моите книги, но јас никогаш не ја дознав нејзината вистинска професија, како и многу други податоци од нејзиниот живот, почитувајќи ја нејзината желба за строга анонимност.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)