нејзин (прид.) - дом (имн.)

Изабел не престана да зборува цело време додека се возевме кон нејзиниот дом.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
И дека би сакала, се рабира ако тоа е можно, да се сместам во нејзиниот дом.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Нејзиниот свет беше селото каде што беше родена и атарот на Куманово каде што се наоѓаше нејзиниот дом.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Уште од првиот ден кога ја виде како влегува во нејзиниот дом во неа виде целосна спротивност од она како треба да изгледа нејзината идна снаа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Меѓутоа, откривањето на динамитот во домот на Ана (како и додека Милан го носел од станицата во Цариград до нејзиниот дом) значело робија, ако не и крај на животот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Дека е тука! Дека спие во нејзиниот дом...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Иако знаев дека во нејзиниот дом можеле да свратат сите што биле прогонувани.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Му реков дека Даскалов и другите другари ми имаа раскажувано оти некои од ранетите и болните токму од мајка му ја добиле потребната нега.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А помеѓу таквите спаѓав и јас!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И не од својата постапка, туку од положбата во која се најдов: да ѝ објаснувам на Таша дека е заборавена и тоа од оние поединци кои во најтешките моменти можеле да го сметаат нејзиниот дом за најсигурно засолниште.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А: Кога ли успеавте да ја соберете оваа прекрасна збирка на бумеранзи, пријателке драга.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Уживајте во вратоломиите на еден од неопходно најслободните преводи што било кога се појавиле на македонски. Margina #21 [1995] | okno.mk 113 КОНТРАКРОСТИХПУНКТ Ахил беше дошол во посета на својата пријателка и партнерка за џогинг, г-ѓа Желка, во нејзиниот дом.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Клара беше отсутна дури и кога Клара беше дома; јас ѝ зборував, но знаев дека таа не може да го чуе она што го кажував.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
По смртта на Сара, неколкупати ја посетив Клара во нејзиниот дом, но таму ме дочекуваше непријателството на нејзината мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Матилда беше среќна со таквата одлука – во раната младост имаше операција по која не можеше да има деца, тоа беше несреќата на нејзиниот живот, и сега се радуваше што може да се грижи како мајка за малечкиот, заменувајќи ја својата почината сестра.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дедо му Зигмунд, правдајќи се со неодамнешната операција, со многуте пациенти и со пишувањето на своите дела, ѝ го препушти Хајнерле на ќерка си Матилда, таа да го чува во нејзиниот дом.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)