нејзин (прид.) - добрина (имн.)

Не само за тие мигови кога тетка Перса сочувствуваше со нејзината судбина, со нивната судбина, туку токму поради нејзината добрина Пелагија знаеше дека ќе мора да се отвори пред тетка Перса, ќе мора уште еднаш да го преживува она што го има преживеано.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Затоа тој реши да ѝ напише писмо на нејзината внука, длабоко убеден дека напишаното првин ќе го прочита тетка Асја, и дека заради нејзината добрина и почитта што таа ја имаше кон него, работите ќе се променат.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Немаше куќа крај Езерото кај што не беше посеана нејзината добрина, кај што немаше рана залечено и ставено инекција без болка.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)