нејзин (прид.) - дланка (имн.)

Новинарот клекна пред неа, ниско наведна глава, нејзината дланка јa собра во неговите и ги бакна со долг срдечен и благодарен бакнеж...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се оттргнав од нејзините дланки и, свртувајќи ја главата полулево, го спуштив погледот на подот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во тој момент се слушна силно тропање на влезната врата од станот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Нејзината коса сè уште мириса на чисто во зачадената просторија, нејзината дланка веќе почнува по малку да се поти нежно стегната во неговата, а во ребрата го чувствува нејзиното срце – чука од некоја нејзина, за него сè уште непозната длабочина додека тој полека ја води, со сигурен чекор.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога се ракуваат, нејзината дланка е студ студена.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Мојот татко. Спасе. Така се вика...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ги затвори очите и ја почувствува нежната кожа и свежата полнота на неговите усни врз своите и едно смирување кое ѝ ги запре солзите, но предизвика и наплив на страст што ја тера да му ја префрли раката преку вратот и да ги стисне усните посилно до неговите, како толку силно да чувствува дека се создадени еден за друг што ѝ се чини дека, онака меѓусебно предадени, со усните што не сакаат да се одвојат, во свежата ноќ дишат заедно давајќи си еден на друг здив и нежност без која веќе не ќе можат да издржат, ни таа, ни тој.  И навистина, што јас сум врзала човек не одвоил.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ја крева нејзината дланка до усните и ја бакнува, а таа го гледа, стаписана, со црните очи од кои не престануваа да извираат солзи, додека брадата ѝ трепери од возбуда.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Очигледно имам посегнато кон чашата со ракија а нејзината дланка ми ја ускратила намерата. –Не се сеќавам каде се сретнавме и како втасавме овде, ако сфаќаш за што ти зборувам? - велам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Има многу отменост во однесувањето на момчињата - рече таа и во истиот момент сетив како нејзината дланка го олабавува стисокот на мојата подлактицата а потоа, со истата рака, почна да им мавта на момчињата качени на дивиот костен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На ова помислив кога го слушнав она нејзино: нели станува збор за грди, лигави спомени.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Сфаќам, сфаќам – одговори таа – само што не разбирам за што зборуваш - се правдаше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Го рече тоа со подбив, со мирен глас, како да станува збор за грутка снег што одамна се има растопено а во нејзината дланка останала само лигавата навлажнетост.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Мило, малечко, не се плаши! Не трепери... Јас ќе ти бидам мама...“ - шепотеше, откога се пооддалечи и беше сигурна дека никој нема да ја чуе, дека никој нема да ѝ се подбива, а врапчето лежеше беспомошно брз нејзината дланка и само трепкаше со оченцата.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Полека ѝ пријдоа и се загледаа во нејзината дланка.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)