нејзин (прид.) - гроб (имн.)

Чупалево ќерка ми е, Драганка се вика; мајка ѝ умре ланска година и нејзиниот гроб таму остана, во Солун.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Патем, нејзиниот гроб е тука блиску, сакате да го погледнете?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Првин, помислив на гробот на татковата мајка, сигурно и таа централна личност во семејната сага, постојан предизвик во мојата потрага: - Што стана со баба, кога почина, каде е закопана, дали и нејзиниот гроб е во преораните?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тука единствено беше надмината од фамозната Салтичиха.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
” Кога умре мајка му Депа, дојде на погребот, лелекаше над неа, ѝ го бацуваше восочното лице по кое дождот лиеше и од жал по погребот направи едно чудо крстови од штичиња и дрвца и ги иззакачи и на нејзиниот гроб и по патот за гробиштата и по селските патишта и крај чешмите и по бавчите.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Никогаш не појдов на нејзиниот гроб.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
За секој случај, не само Чана и Роса кои навреме го исполнија ветувањето дадено на баба Петра и пред големите дождови го имаа ископано нејзиниот гроб, туку на дедо Господ му беа благодарни сите Егејци од населбата Мичурин што ги засолнал токму зад овој насип.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)