нејзин (прид.) - грло (имн.)

Колку што повеќе се бореше за самодоверба на жените, толку помалку имаше самодоверба; сите тие удари на неа оставаа трага: ги губеше продорниот поглед и сигурниот глас, зборовите трепереа во нејзиното грло, погледот не застануваше на една точка, туку како да бегаше од она што го гледаше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И тогаш мерејќи ја големината на љубовта и стравот што ми ја здрвуваше крвта ја измерив и острината на сечилото за птицата во нејзиното грло.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
И нејзиното тело го немаше некогашното сигурно држење: ги подиздигнуваше рамениците, главата ја вовлекуваше надолу.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја чу; во нејзиното грло (секако многу пуши, мислеше) како да се шушкаше густа свила: „Тоа беше мојот бол.“ Не се насмеа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)