нејзин (прид.) - градина (имн.)

Вилички кои беа омилени цветови од нејзината градина.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Се чинеше дека зарзаватите од нејзината градина, чудесно подготвени, се прелеваа во разните чиничиња, светнати од маслиновото масло.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во нејзината градина крај куќата изникнаа и други цвеќиња, невидени во Земјата на езерата, позната најмногу по своите костенови гори.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Имаше чиниче со ајвар, чиниче со кавијар од модри патлиџани, чиниче со печени пиперки со лук и оцет, таратор, чиниче со потпечено козјо сирење, чиниче пинџур, со варени бамји во оцет и лук, чиниче варена боранија и динстувана во лук, чиниче со урда со црвен алев пипер.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А кога татко ми ќе донесеше по некој домат или мајка ми ќе дочекаше да узрее од нејзината градина, тогаш се менуваше бојата на нашето постојано исто тесто.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)