нејзин (прид.) - големина (имн.)

Додека така стоел спроти мечката тој ништо посебно не забележал: ниту муцка, ниту уши, ниту пак можеше да објасни нешто во врска со нејзината големина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кога се ослободи Бугарија и се усили државата на Немањиќевците, во која влезе поранешниот дел од Македонија, т.е. денешна Србија, – таа, т.е. Македонија во денешната нејзина големина уште остануваше византиска земја, каде што продолжуваа да се креваат востанија против Византија, за коишто се бараше сојуз и покровителство од соседните држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да се биде во Келн, а да не се види оваа знаменитост навистина претставува пропуст се разбира, катедралата секој ја посматра од свој аспект, но секој во неа ќе пронајде нешто што фрапира - нејзината големина, височината на кубињата, релјефите, оргулите и нејзината акустичност.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)