нејзин (прид.) - година (имн.)

Дете! Какво дете! Па на нејзини години го родив Ивана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се прашувал со грутчиња јад по сета става дали била скриен сведок на борбата со непознатите осуммина, на војувачката итрина или пребрзаноста на дружината прва да удри, дали го гледала крвавото умирање на оној што бил на нејзини години.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
* Во ложата седи убава госпоѓа; тешко е да се определат нејзините години, но таа е млада и уште долго ќе остане млада... Таа е раскошно облечена.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ја сфатил нејзината голема пожртвуваност да го остави далеку татковскиот дом и со храброст што ќе била преголема и за маж, за овој Лозан Перуника на пример, да ја следи дружината најсигурно со поаѓањето од Лесново.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- А? Зашто? Стој! Кој си ти? - Миличок, па ние сме маскирани! - со женски глас одговара војничето и толпата, заедно со подофицерот, се валка од смеа...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И ти кога беше на нејзини години брзо се заморуваше.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)