нејзин (прид.) - врска (имн.)

Беше задолжена на својот претпоставен да му пренесува што повеќе детали за Ема, посебно за нејзината врска со мажот што ја прибра во својот дом и за нејзината евентуална вклученост во секторот на слободни асоцијации во остварувањето на целите за легализација на проституцијата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тоа беше и правило на играта: насмевка на прозорското стакло и правото да следам една жена очекувајќи како очајник дека нејзината врска ќе се синхронизира со онаа што самиот ја одредувам пред секое возење, а тогаш - секогаш до сега - да ја видам како свртува по друг ходник а не можам да ја следам бидејќи сум приморан да му се вратам на горниот свет и да наминам во некое кафуле и понатаму да живеам сѐ додека постепено, после неколку часови или денови или недели, жедта пак нѐ ме натера да ја испитам можноста еднаш сѐ да се поклопи, жената и прозорското стакло, насмевката прифатена или одбиена, врските меѓу возовите, а тогаш, најпосле - да, точно, потоа правото да пријдам и да го изговорам првиот збор, густ од улежаното време, од бескрајното прпелкање на дното на бунарот меѓу пајаците на грчот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Мајка се чувствуваше подготвена „да сведочи” пред Татко за нејзините врски, првин за „италијанската”, макар што „грчката врска” ѝ претходеше временски.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Директорот Андреј Георгиев брзо разбра дека Татко го интересира пропаѓањето на Отоманската Империја од аспект на нејзините врски со претходните империи на Балканот, а во Институтот, таа Империја се третираше од аспектот на националните реалности на Балканот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)