нејзин (прид.) - врв (имн.)

Со извишувањето на сиџилската тврдина, од нејзиниот врв можеше да се гледа далеку, во отоманското време, но и во иднината...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Без Бургиба Картагина умираше повторно пред рамнодушната на нејзините жители.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таткото на нацијата долго време живееше во својата палата во лажен сојуз со вечноста, меѓу животот кој беше подреден на неговото продолжување во смртта, далеку од верноста кон некаква трансцендентна илузија, туку повеќе свртена кон последните трошки од животот, како да ја доврши својата фараонска пирамида, искачен на нејзиниот врв.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа е пирамидата на успехот! Нејзиниот врв е насочен кон сигурно освојвање на потполната среќа – рече старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Сакам да ми издигате кула, а од нејзиниот врв да можам да ги видам и Солун и Стамбол и Германија.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Витоша сѐ уште заканува, зашто нејзините врвови се белеат...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во сеќавањето, постојано ѝ се извишуваше белата тврдина Беаз-куле, околу која летаа белите галеби и најчесто застануваа на нејзиниот врв.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)