нејзин (прид.) - врати (имн.)

Заедно со нејзиното враќање од работ, доаѓаше уште едно сончево раѓање.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Врисокот на мајка ми што ме разбуди, неколку дена по нејзиното враќање од Загреб.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
- А Равел ти се допаѓа? - Ѓорѓија сѐ уште се обидуваше. - О! Болеро! - рече Французинката и ентузијастично кимна со главата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И како да бев поштеден да го одболувам нејзиното враќање во илузијата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се смееше заразно и сите почнуваме по него.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Така, уште првиот ден од нејзиното враќање, испече од своите специјални колачи и заѕвони на нејзината врата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Обајцата беа свесни дека секоја голема библиотека во светот настојува да се спаси со спротивставувањето на губењето на меморијата, на нејзиното враќање таму каде што е целосно исчезната или се навестува нејзиното исчезнување, да се спаси конечно од губењето на нејзиното значење за човекот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Нејзе најмачно беше што повеќе не ќе може да ме штити, а мене најмачно ми беше нејзиното враќање во осамата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)