нејзин (прид.) - возраст (имн.)

Не знам колку оваа нејзина умешност беше резултат на нејзината возраст а колку на премрежијата низ кои беше минала.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Всушност, на нејзина возраст тој и не знаеше за зборот - свое/ сопствено... сè беше заедничко: со дедо Владимир, баба Мирјана, со мама Злата и тато Петре.. па затоа сè се делеше и со сестричката Мими, родена шест години по него.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во Потковицата сите знаеја дека за предавниците од страна на Организацијата пропишана е само една единствена казна - смрт, а можеше да го стигне и секого друг кој ќе се ставеше на нивна страна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И ако сите знаеја дека една чупа, на нејзина возраст, ниту знаела ниту можела да знае кој сѐ работи за Организацијата но освен мајка ѝ Василица никој не ја зеде во одбрана, никој и не смееше да ја земе во одбрана.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)