нејзин (прид.) - братучед (имн.)

Во непосредна близина, долу на патот, на нецели петнаесет минути пешачење, на Јужниот булевар и автопатот Еурека, се наоѓаше гипсено малтерисаната бензинска станица, со светликави црвени пумпи, каде што работеше нејзиниот братучед Боб.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Го испрати на Запад, во Лондон, каде што, во триесеттите години, нејзиниот братучед Фетхи-беј Окијарбеше амбасадор на Турција.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Требаше само да седнеш и да ја слушаш. За тетките. За нејзините братучеди.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
На молба на нејзиниот братучед Круме Волнаровски, директорот на женскиот оддел на Прифатниот центар за странци Стево Трајчов ѝ овозможи предавањата (два пати неделно, попладне) да ги изведува во компјутеризираната училница наменета за воспитни дејствија врз жените со привремен престој во домот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Еден ден, додека ги чував овците на гумното бидејќи овчарите појадуваа, ми доаѓа една девојка и ми носи писмо од момчето Мане, нејзин братучед.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)