нејзин (прид.) - бебе (имн.)

Изненадуваше тоа што прооде и прозборе на време, како повеќето нејзини бебиња – врсници.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Како мала артистка фотографиите сè уште ги чувам - нејзините, на нејзиното мало студио на петтиот кат, на нејзината прва љубов, режисерот со ист астролошки владетел како и мојот, на нејзиното бебе чие име почнува со Ј.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)