нејзин (прид.) - бавен (имн.)

Од тоа што продукцијата е толку сиромашна можеме да изведеме заклучок за нејзината бавност. Leonardo потроши три години во сликањето на миланската Вечера, а еден од неговите современици, Matteo Bandelli, ни кажува како периоди на силна треска се менувале со цели денови на безделништво во кои сликарот не можеше ни да го допре своето дело.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
По анализата, извештајот на Еванс во Форин офис им бил отстапен на експертите од Јужниот оддел при Форин офис, кои биле задолжени за креирање на британската политика на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Основната причина за слободното манифестирање на македонските национални чувства во реонот на Лерин Еванс ги гледал, пред сè, во слабоста на Грчката влада и нејзината бавност да го воспостави авторитетот на државните органи во областа Лерин.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)