нејзин (прид.) - го (зам.)

Засрамен ловец биди, што здивот нејзин го сети, низ лакот што трепери и стрелата што чека.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
А и копнежот нејзин го чува тој таинствен незаклучан трезор“.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
И гласот нејзин го потиснуваше гласот на Геле, стигаше и напред до него, и назад до бабата Петра, а во него имаше зборови што куражат, што заплашуваат а и што заповедат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И умот ѝ го зеде и умното зборување нејзино го зеде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но, и покрај сѐ, нејзините го прифатија. Скоро го засакаа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Особено ако умее да се издигне над политичкото милје во кое живее, допуштајќи си еден контрапанагиричен стил со кој ќе укаже на слабостите во општеството, како во колумната „Кругови“ од 19 јуни 2012, на Утрински весник, во која авторот нејзин го вели следново: „...и планетите се вртат во круг и ако од нив се одвои камен, тој неминовно паѓа зашто ја нема центрифугалната сила која ќе го држи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)