нејзин (прид.) - три (бр.)

До нас - скршена лулка. Вашата мајка ми раскажа дека во неа ве лулела додека бевте бебиња, вие нејзините три рожби...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Еве го, во кафеаната „Боеми“, го испива стотиот вињак и вели: - Сигурен сум, сто насто нејзините три круга се всушност во полето на некојси малечок бермудски триаголник, каде што годините се ситен песок што налегнува по спрудовите на нејзините бадемасти очи и веднаш исчезнува без трага.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И, лебами, тројцата ергени ќе можат една сестра да довардат? — додаде Доста Макрева, заблазнувајќи ѝ на Рожденката и ветувајќи ѝ дека и таа ќе ги прати нејзините три девојчиња кога ќе пораснат за на школа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)