нејзин (прид.) - втор (бр.)

Фиксиран во твоите книги, тој свет не е само оска околу која се сложуваат и се развиваат Твоите фамилијарни приказни (целава Твоја сага што продолжува), туку е оска за самото твое пишување.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Така, така секна нејзиниот глас, ама сликата што ја создадоа нејзините зборови долго трепереше пред нејзината втора ќерка.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сето тоа, се разбира, не сакав да ѝ го кажувам на Марина, зашто споредбата со нејзината втора мајка можеби уште повеќе ќе ѝ го загорчеше чувството на очаеност, што сѐ повеќе ја обземаше.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кога првпат ми ја спомна таинствената госпоѓа Лејбовиц, раскажувајќи ми (попатно) за необичноста на вашата двегодишна епистоларна врска, во текот на која разменивте повеќе од стотина писма (за жал, не си ги собрал сите; некои од нејзините очигледно недостасуваат, што е голема штета!), помислив: си имал среќа каква што ја имале и редица големи автори во историјата на уметностите, кои, по сплет на разни околности, налетале на некои умни и внимателни жени, кои се посветувале на нивното дело.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Дека сум во право потврдува веќе нејзиното второ писмо од 10 мај 2000 година, во кое таа се повикува на романот на германскиот филозоф-прозаист Макс Пикар (Max Picard) Светот на тишината (објавен во 1952).
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се разбира, притоа ќе се насмевнеше, божем рекол шега а не обична вистина.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ервехе си ја имала вистинската мајка отаде животот, а далеку била и нејзината втора мајка, во Солун, нејзината мајка на животот, чудесната Клементина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Здружно! Иван Степанович често нагласуваше дека од лозинката Еден за сите - сите за еден, повеќе му се допаѓа нејзиниот втор дел!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)