нејасен (прид.) - порака (имн.)

А притоа бев зафатен од помислата: дали тоа ми испраќа нејасни пораки вљубеноста на Денко Самоников или сум заинтригиран од жената, поточно од начинот на кој ја водеше љубовната игра; или пак сè уште се движев низ присутната сенка на онаа чудна изјава на жената дека сета е дождлива па во моето вообразување шеташе како топол летен облак; или летниот топол облак се беше веќе престорил насмевка и дланка; насмевка на нејзиното лице и дланка на нејзината рака што шета по лицето на пријателот?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во пораката се чувствува скриена, иако нејасна порака.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сноп бледа црвенкаста светлина едвај продираше низ нечистите стакла на прозорецот како нејасна порака на крвавото небо над планината во која згаснаа громовите на августовското попладне.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)