нејасен (прид.) - желба (имн.)

Беше тоа еден тежок живот. Оној обично молчеше, а се чинеше како да го прави тоа со некаква нејасна желба да се казни себе си.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И во него се пробива нејасна желба да го види она секојдневното променето како што е таму.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Клекна и почна да ги бере делумно за да му мине времето, но и поради една нејасна желба да има букет цвеќе да ѝ го понуди на девојката кога ќе се сретнат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)