неуморен (прид.) - во (предл.)

Ние сме неуморни во самодокажување и исто така сме неуморни потрошувачи, секогаш подготвени да претпоставиме дека само ако ја купиме вистинската куќа со градина, вистинската правосмукалка, okno.mk 19 вистинската автоматска врата за гаражата, тогаш со сигурност ќе создадеме дом, “вистински” дом.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ворхоловата ноторна срамежливост во психолошка смисла, на овој начин си дава здив себеси.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тој кадравко беше неуморен во играњето, трчаше по децата, лаеше со танок глас и ја туркаше тапата муцка во нив лижејќи им ги рацете и искажувајќи го своето другарство на свој начин.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Проклет да бидам, ако не го видат денеска, ќе го видат утре, задутре, тие се неуморни во тоа, ќе го надушат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Набавувајќи прототипови на магнетофон и полароид, Ворхол беше неуморен во нивното користење.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)