неуморен (прид.) - иследник (имн.)

„Не си ми сосема јасен”, сакам да му речам и притоа веројатно се имам насмевнато.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ти не спаѓаш во исклучоците - се обиде неуморниот иследник уште еднаш да ме приведе во неговата замисла за случајот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Толку се труди кутриот, што јас всушност можам и да го прочитам неговото тврдење иако сѐ уште не е изречено.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Затоа и уследи онаа отровна забелешка: -Белки не мислиш дека можам да ти верувам оти пред продавницата си се нашол случајно и тоа токму во моментот кога девојката излегувала, и дека во тој момент ти се родила идејата да и пријдеш и да и го соопштиш големото откритие дека таа ти е сестра, или нешто сосема близу до тоа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со мене низ просторијата шетаат и зборовите на неуморниот иследник.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не е изречено но може да се види испишано на неговото лице а згора на тоа и на секој предмет во просторијава.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)