несреќен (прид.) - генерал (имн.)

Е, токму тој несреќен генерал без документи а со генералска става, Ролан Јаковлевич, се беше вселил кај Трајче Кусакатски, или поточно во домот на неговата вдовица Родна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Несреќниот Генерал веројатно сите нешта добро ги смислил и испланирал, се осигурал со убава поткрепа за во туѓина, само што не се обидел да му наѕирне во умот на својот ординарец.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)