несигурен (прид.) - глас (имн.)

Пискулиев подголтна и се јави со несигурен глас: - Добар ден.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Со неспокоен и несигурен глас ја наруши Веле тишината: - Вујко Аргире, јас реков, да поговориме малку за мојата работа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И личеа како некои несигурни гласови, како да не беа тоа нејзини зборови...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Играм, - реков со малку несигурен глас, и уште повеќе побрзав.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Потсетуваше на неприготвен ученик. Се нишаше и со несигурен глас говореше брзајќи да ја скрати непријатната ситуација.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Таа жолтица можела да пушти корен во сите што се допреле до болниот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Да го вратиме дома, се јавил еден несигурен глас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Мајко Минадора, викал со рапав глас Богоја Гулабарин. - Безбожен сум. Заклав ранет човек.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Мажите загинаа в борба, со несигурен глас рекол Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дури втасав да помислам дека моето евентуално разјаснување на вината што ја спомнав со несигурен глас нема да биде доволно уверливо.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но Катерина и понатаму молчеше иако во сенката на гранката што ѝ паѓаше на делот од лицето свртено кон мене се случуваше нешто што не можев да го протолкувам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)