нерамен (прид.) - пат (имн.)

Потоа двајца од брадестите нè качија во војнички џип, со церада, и нè понесоа по нерамен пат.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Истрча целото село да го пречека: напред одеа музикантите, свиреа со труби и тропаа на барабанчиња: нивната бучава го заглушуваше просторот; по нив, качен на коњ, одеше Лоте, облечен во алишта на витез; луѓето плескаа, го поздравуваа, а Лоте им мавташе со раката и им отпоздравуваше како да оди или се враќа од поход; зад него одеа циркуските коли ишарани со дречливи бои и креваа прав, тропајќи по нерамниот пат и влечејќи се бавно по преморените коњчиња што ги влечеа; од прозорчињата на колите ѕиркаа циркузантите со ишарани лица; по нив одеа кафезите со животни кои ѕиркаа низ решетките и ги подаваа муцките кон децата што трчаа по нив и врескаа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И кога се случуваше да застанеме за да се создаде колоната, тогаш го галев, му велев браво, стари, издржа и продолжи да издржуваш, немој да откажеш на нерамниот пат, фаќај ја кривината, лапни ја угорнината.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ме болеше кога молеа пополека да возам, да внимавам да не потскокнува камионот на нерамниот пат, да им подадам вода...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не чекаме, го напуштаме градот и неговите преполнети улици со стари Мерцедеси, запрежни коли и мношто луѓе (изгледа е пазарен ден) и возиме по нерамниот пат што води веднаш покрај брегот на Охридскиото Езеро.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се наоѓаше во предградието на гратчето, во реон полн со големи полиња и куќи што сѐ уште се градеа; забележав и дека по нерамните патишта шетаа многу улични мачки.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не поминаа ни петнаесет минути откако легнат се обидував да читам и така да ги оттргнам мислите од мојот надуен мев, кога вниманието ми го одвлече ритмичен, повторлив звук што не можев да го дефинирам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Постојано гледаше низ прозорецот нервирајќи се што нерамниот пат не му дава на автобусот да брза.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)