неразделен (прид.) - другар (имн.)

Но таа ми беше драга, а и јас нејзе, и ја чувствував блиска, па ми се стори дека можам да ѝ се обратам отворено и да ја прашам што ѝ се случува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не помислувај дека јас, како и Бузо, со молчење ве одминав заради тоа што се плашам од него или пак го сметам за неразделен другар.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Со неа ретко се гледаме, иако можеби нашите мајки, барем така насетував, посакуваа да се дружиме почесто, бидејќи тие двете се неразделни другарки.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тоа беше книгата што ми стана неразделен другар во долгите зимски вечери.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Кога го гледам Висара, ми се чини како да го гледам син ми. Зашто беа неразделни другари“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)