неразбирлив (прид.) - јазик (имн.)

Зборовите “водат” инает како неодредени, а исто така и неразбирливиот јазик на уметникот многу вешто ги искористува веќе традиционалните дефиниции.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Затоа не им изгледа чуден и тој туѓ неразбирлив јазик, ами топол и близок...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Климент Камилски најпосле со свечен глас како пред амфитеатар, во кој единствен слушател беше Татко се огласи: Додека престојував во Франција, Шпанија, Белгија, на Запад, често ги слушав предрасудите за нашиот Балкан, посебно беа нагласени тие од доменот на јазикот: сме ти биле разделени со голем број неразбирливи јазици, наречја, дијалекти, недовршени идиоми, сме ти биле жртва на најсилното пророштво на Вавилон.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Говорниците си упаѓаа во збор, се пенеа, зборуваа на неразбирлив јазик (го мрзеше да стави слушалки за превод, и без тоа му зуеше во уши), накратко, ништо не успеваше да сфати.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Шлапкаа гласно сркајќи и мене тоа многу ме нервираше, но...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
По некое време им рече нешто на другите, на нам неразбирлив јазик, и сите испоседнаа околу тенџерето и почнаа да сркаат од чорбата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Грк, Елин во мантија“, рече Никифор Ганевски. „Се налутил, запалил куќа.“ „Поп, значи, а? И улав.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Лесновчаните го благословиле зашто им пеел во црква на туѓ и неразбирлив јазик.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Погледнав кон брегот. Децата и нивните мајки ме беа забележале и викаа нешто на нивниот неразбирлив јазик, мавтаа со рацете, ама никој не влегуваше во водата да ми помогне.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ја отвора беззабата уста и цвркоти нешто на својот неразбирлив јазик.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
По долго слушање на гргорот од стерната, тој неразбирлив јазик на утробата на земјата, татко ми забрзано се враќаше по истиот пат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)