непријатен (прид.) - случка (имн.)

На едно преноќиште насред џаде меѓу Драма и Кавала им се случи и една непријатна случка: Една разбојничка банда од типот на подоцнежните крџалии го нападнаа анот под претпоставка дека шест поштенски коли, чувани од толку сејмени, носат некакво царско азно (арач) собрано од битолскиот, јанинскиот и солунскиот вилает.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не поминаа ни неколку дена, а со Пискулиев стана една сосем непредвидена непријатна случка, што заплашуваше да создаде за него претстава токму на онаков човек, каков што дедо Иван нејќеше да има во својата куќа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)