непријатен (прид.) - збор (имн.)

Сега, стоејќи пред големата воена топографска карта, тој се потсети на непријатните зборови што пред неколку дена ги слушна од Захаријадис: - Маркос - му рече Захаријадис во текот на разгледувањето на дневната состојба на фронтовите - ти премногу си се внел во тој Клефтис.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јас мислам дека прстот во устата се става колку да се зачува здравиот разум, односно да се спречи истекувањето на непристојните, неочекуваните, непријатните зборови.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во Париз, на пример, се смета навредливо и многу просто ако загледаш некоја жена или ѝ дофрлиш некакви непријатни зборови, но на секоја од нив можеш да ѝ се приближиш ако носи со себе кученце и ако тоа го држи в рацете - можеш да го помилуваш, а пак дамата за ваквиот гест ќе те награди со насмевка...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Не можев повеќе ни секунда да се преправам дека е се во ред, морав што побрзо да го симнам товарот кој ме притискаше, непријатните зборови што требаше да излезат од мојата уста.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)