непријателски (прид.) - војник (имн.)

Заробените непријателски војници нагласувале дека кај Германците постоела голема подготвеност да им се предадат на сојузниците, но се плашеле да им се предадат на македонските партизани.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
А крвчето понекогаш ме потсеќа на својата спротивност - на металната идентификациска плочка околу војничките вратови која по смртта на војниците им ја ставаат во уста. На непријателските војници, се разбира.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Најпосле војската се собра во толпа на отстојание пред непријателските војници кои преплашено, стегнати еден во друг се држеа еден со друг цврсто прегрнати.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога го заробија непријателските војници и кога со другите заробеници го построија крај брекчето да го стрелаат, тој од селото, долу под брекчето, чу свирење на гајда и почнаа трпки да му врват по снагата од возбуда.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Зашто ако се убие непријателски војник од спротивната страна, тие веднаш ќе сакаат да го вратат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Основна причина што Орце, Коста, Мечето, Илија и Владо инсистирале да се гине по секоја цена била таа што тие сметале дека со својата смрт ќе ја афирмираат повеќе борбата за слобода на својата татковина отколку што тоа би го направиле со уривањето на згради и фрлањето на динамитни бомби по солунските улици и убивањето на непријателски војници.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Жена му бегаше од куќи кога доаѓаа офицерот и војниците, а луѓето му велеа: „Ете, што направи Полине, им ја оддаде тајната на непријателските војници...“ „Каква тајна?“ се чудеше тој.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Судбината ги замешала своите прсти и Струма се сретнала со водачот на азијатите.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Непријателот по стапките од коњите да види дека во тврдината доаѓаат засилувања и дека тврдината не ја напуштал никој.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Знаел дека само со одбрана нема да ги обесхрабри и победи бројните непријателски војници.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)