непредвидлив (прид.) - настан (имн.)

Во оваа медитеранска земја вистински катарзираше со години пластената историја, за потем да се разлее во непредвидливи настани.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Новата книга во Татковото вавилонско одајче, крај чардакот, го означуваше влегувањето, често враќањето на самата надеж, кога таа нѐ напушташе во времето на непредвидливите настани на историјата во нашиот дел од Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)