непостоен (прид.) - континуитет (имн.)

Трагајќи во по исчезнатите и живи османизми на Балканот, тој беше често обземен од идејата за испрекинатиот, дури и непостоен континуитет на османско-исламската цивилизација во однос на западноевропската.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ги читаше и проучуваше делата на Авицена, односно Ибн Сина, роден во 980 година, во Бухара, голема фигура на универзалната мисла и лекар со најголемо реноме во своето време и делата за Авероес, односно Ибн Рашид, роден во Кордоба во 1126 и починат во прогонство во Маракеш во 1198, познат како андалузиско-арапски поет, филозоф и физичар, основач на филозофската школа авероизам, се обидувал да ја обедини филозофијата на Аристотел со исламот, застапувајќи ја тезата дека не постои никаков конфликт помеѓу филозофијата и религијата, туку само различни начини да се дојде до вистината.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)