непомирлив (прид.) - противник (имн.)

Никифор Правдољубивиот ќе забележи дека овој непомирлив противник на схоластиката, еден од најсамосвојните ученици на Музеумот, знаеше со иста непосредност да ги толкува Еуклидовната геометрија, Никомаховата теза за априорната егзистенција на броевите во духот на Творецот, најсуптилните финеси на античкиот јазик или да насмее со импровизираниот мим, често пародирајќи се и себе си како несмасен трговец.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
На крајот од краиштата Арсо е непомирлив противник на робувањето. Тоа изгледа така несомнено.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Нему му беше нужен цврст, непомирлив противник што ќе ги впрегне сите негови сили, што ќе извлече и некаква скриена сила и лутина, а Јурукот се покажа над сите очекувања.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)